
Картинг Патека во Општина Кавадарци
Во тек е расчистување и нивелација на терен, за картинг патека во Општина Кавадарци.

Реконструкција на пешачката патека покрај езерото во Дојран.
* Демонтажа на постојните бекатон плочки.
* Подготовка на подлогата со машинско и рачно порамнување.
* Тампонирање на трасата со соодветен тампонски материјал и негово набивање за обезбедување стабилна и рамна подлога.
* Нанесување и порамнување на слој од ситен песок како постелка.
* Монтажа на бекатон плочките.
* Финално нивелирање, пополнување на спојниците и чистење на работната површина.

Комплекс во Богданци,при што се реализирани следните работи:
* Подготовка и нивелација на теренот.
* Поставување на рабници по целата траса на пристапните патеки и паркинг површините.
* Изведба на поплочување со бетонски павер елементи во две нијанси (светло и темно сива), со прецизно оформени декоративни линии.
* Изработка на кружен декоративен мотив од павер елементи, кој претставува визуелен акцент на просторот.
* Финално фугирање и завршна обработка на сите поплочени површини.

Бетонски павер елементи во повеќебојна комбинација (црвена, сива и антрацит).
Извршено е професионално поплочување на дворен простор со декоративни бетонски павер елементи во повеќебојна комбинација (црвена, сива и антрацит). Поставувањето е реализирано со модерен геометриски дезен кој создава визуелен 3D ефект и естетски изглед на просторот.

-Извршен е машински и рачен ископ на темелните ровови.
-Извршено е нивелирање и подготовка на дното на ископот.
-Монтирана е арматура за темелните греди и темелните столбови согласно арматурниот план.
-Поставена е оплата на потребните делови од темелите.
-Извршено е бетонирање на темелните греди и вибрирање на бетонот за постигнување соодветна компактност.
-По завршувањето на бетонирањето, започната е негата и заштитата на свежиот бетон.

Изработка на армирано бетонска плоча
-Машински ископ на земја за темели и темелни ленти, со прецизно нивелирање на теренот.
-Поставување на канализација и одвод пред бетонирање.
-Монтажа на арматурна конструкција за темелни греди и венци.
-Изработка на дрвена оплата за темелните елементи.
-Поставување на термоизолациски панели (XPS) под темелната плоча.
-Подготовка на подлогата за понатамошно бетонирање на плочата.

